Подготви се за движење!
Ова Октомври го заокружуваме со музика! Figure8 Dance Studio во соработка со SQM организира флешмоб настан на 31ви Октомври во Скопје.
Следи многу забава и добра енергија — и ти можеш да бидеш дел од тоа! Без разлика дали си искусен танчар или едноставно уживаш во движење, ова е твојот момент.
Често поставувани прашања
Што е флеш моб?
Флеш моб е кратка, однапред подготвена изведба (најчесто танц или уметнички перформанс) која се случува неочекувано на јавен простор.
Учесниците се појавуваат „случајно“, изведуваат синхронизиран танц или движење, и потоа се „растураат“ како ништо да не се случило.
Целта е да се создаде изненадување, емоција и момент што се памети — често се снима и споделува онлајн.
Дали навистина е бесплатно?
Да. Сите часови и учество во проектот се целосно бесплатни.
Дали морам да имам претходно искуство со танц?
Не. Проектот е отворен за сите нивоа – од почетници до напредни.
Дали морам да учествувам во снимањето на крајот?
Да, проектот кулминира со финално снимање. Ако се пријавиш, очекуваме да учествуваш и во финалната изведба.
Дали има ограничен број места?
Да. Местата се ограничени – пријави се што побрзо.
Кои стилови на танц ќе се работат?
Комбинација од модерен, уличен и креативен танц – ќе има соло, дуети и групни делови. Ќе играме на познати странски хитови.
Кога и каде е настанот?
Ќе има неколку флеш мобови. Следниот е закажан за 31-ви октомври. Снимањето ќе биде само еднаш – на неколку фреквентни локации низ Скопје.
До кога може да се пријавам?
Пријавувањето е отворено до 15-ти септември или додека не се пополнат сите места.
Наш совет? Пријави се што побрзо – бројот на учесници е ограничен.
Кој може да се пријави?
Секој на возраст над 15 години. Имаме различни возрасни групи и сите се добредојдени.
Каде се одржуваат часовите?
Во нашето танцово студио во Т.Ц. Буњаковец – под Стопанска банка.
Колку често ќе има проби?
Пробите ќе се одржуваат два пати неделно, во среда и петок од 18:30 до 20:00 ч., со дополнителни термини за вежбање за викенд, доколку има потреба. Детален распоред ќе добиеш по регистрација.
Што треба да носам на часовите?
Удобна облека за движење и чисти патики. Сè друго ќе договориме заедно.
бесплатни часови,
бесценето искуство
Часовите се бесплатни, но искуството што ќе го добиеш вреди многу повеќе.
Ова е шанса да се движиш, да се изразиш, да стекнеш познанства и да бидеш дел од нешто што остава впечаток. Ќе работиме заедно, ќе учиме едни од други и ќе создадеме нешто што ќе го видат многумина. Ако си љубопитен/на, отворен/а и подготвен/а да пробаш нешто ново – пријави се.
Запознај ги инструкторите
Зад проектот стојат млади ентузијасти за ширење на танцовата култура преку промовирање на убавините на Скопје.
Јане и Стефи ќе се потрудат да ги научиш чекорите преку забава и опуштена атмосфера.
Осмели се.
Пробај.
Направи нешто несекојдневно за себе, без никакви трошоци. Стани дел од уште една приказна што Скопје ќе ја памети.